„Глас за Македонија“ ќе биде опозициска партија

Новата партија „Глас на Македонија“ формирана на иницијатива на Соза Грчева, поранешна пратеничка од СДСМ, ќе дејствува опозициски.



„Првите денови ќе се бориме со нашите најжестоки проблеми, а тоа е да си го зачуваме Уставното име. Ќе бидеме вклучени на секаков можен начин. Јас и како дел од интелектуалците бев вклучена, но и Глас за Македонија секако ќе се вклучи“ – вели Грчева.

Грчева која е силен критичар на актуелната власт, но и на претходната, уште кон средината на минатата година најави формирање партија и преку социјалните мрежи ги повика заинтересираните да се приклучат кон иницијативата, и да го дадат својот потпис за основање на партијата.

Вчера, во хотелот „Александар Палас“ се одржа основачкото Собрание на кое и официјално беше формирана партијата.