Главчев: Нема за што веќе да преговараме со Македонија

Бугарскиот технички премиер Димитар Главчев од Брисел, каде што присуствува на Самитот ЕУ-Западен Балкан, порача дека Софија го поддржува проширувањето на Западен Балкан, но позицијата за Македонија не ја менува пренесува Бугарската национална телевизија (БНТ).



За Македонија, рече дека постои компромис потпишан уште во 2022 година, како и дека позицијата на Бугарија по ова прашање е непроменета.

„Конкретно за с. Македонија, знаете… Имаме еден компромис, т.н компромис од 2022 година, компромис преземен од наша страна и тоа е веќе европски документ потпишан од сите земји-членки плус и од Бугарија како членка, плус Република С. Македонија и нема веќе за што да преговараме, нашата позиција е непроменета,“ вели Главчев.