Коментирајќи го македонскиот предлог за Бугарите во Уставот со одложено дејство, односно при влезот во Европската унија, службениот премиер Димитар Главчев порача дека прашањето било решено и оти немало за што повеќе да се разговара.
„За Бугарија, прашањето со Република Северна Македонија е решено. Постојат рамки во кои мора да работат сите земји, вклучително и оние од Западен Балкан. Бугарија направи доволно компромиси со своите национално самочувство и достоинство“, изјави Главчев за телевизијата БТВ.





