Народот на 24 април јасно и недвосмислено се изјасни за промени и СДСМ неповратно го изгуби легитимитетот да ја води Македонија затоа, соработка меѓу партиите од македонскиот блок, освен што е реално возможна, е и суштински важна за иднината на Македонија, порачува ноивинарот Бранко Героски во колумна за „Плусинфо“.



Но тој предупредува на реална опасност ефектите од таа победа да бидат намалени со постизборен инженеринг, чија единствена цел би била да се предизвика политичка криза после изборите.

ВМРО-ДПМНЕ, Левица, ЗНАМ и другите македонски партии треба да договорат единствени или блиски ставови за најважните политички прашања, при што однапред треба да биде јасно дека ниту е можно и ниту е потребно тие да се договорат буквално за сè. Напротив. Секоја од овие партии има различна идеолошка платформа и политичка програма и секоја од нив бездруго мора да го сочува својот идентитет и интегритет.

Втората важна работа што мора да се демонстрира во оваа меѓусебна размена на пораки за соработка и за обединување е дека македонските партии немаат намера да создадат антиалбански политички блок.

Поканата до албанската коалиција ВРЕДИ да учествува во идната македонска влада е веќе упатена и таа е добра основа за создавање стабилна извршна власт по победата на 8 мај. Коалицијата Вреди многу сериозно размислува за коалиција со победникот и тоа е шанса што не смее да се пропушти.

Конечно, македонските опозициски партии коишто навистина сакаат – поединечно, но и заеднички! – да ги поразат СДСМ и ДУИ на 8 мај. 

Ттреба иасто така, вели Героски, јасно и гласно да ги повикаат своите симпатизери да гласаат за претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова.

Гласот за Гордана е една од клучните точки на обединување на севкупната политичка волја за промени. Без тоа, пораките за соработка и за обединување ќе останат само празна реторика.