Македонската влада не смее да наседнува на провокации. Едно од решенија е тактиката што ја вети премиерот Мицкоски – нема да разговара на теми коишто создаваат тензија и злоупотребуваат етнички прашања, пишува воколумна за „Плусинфо’ новинарот БранкоГероски.



Тој потсетува на една излитена фраза за однсувњето на “Слон во продавница за критстал“ и вели дека најмалку тоа ѝ треба на македонската влада по „инцидентот“ со косовската претседателка, Вјоса Османи“ која наводно доживеала непријатност на скоспкиот аердро при транзит кога ародромски службеници на ТАВ побарале да ја даде чантатат и мобилниот телефон да минат низ скенер -процедура нормална на сите аеродроми.

„Владата е соочена и со деликатни околности: од една страна, опозицијата се обидува да произведе меѓуетнички конфликт со провокации на секој чекор и во секоја прилика; од друга страна, Влен и ЗНАМ често подлегнуваат на сопствената нетрпеливост, па се добива впечаток како тие сè уште да се во предизборна агенда.

Што да прави „слонот“ во таква ситуација?

Има едно едноставно и мудро решение – воопшто )(слонот -н.з))да не влегува во стакларница!

Мислам дека тоа е тактиката што се обидуваат да ја наметнат премиерот Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, особено кога се во прашање чувствителните теми од домашната политика и отворените прашања во сферата на меѓународните односи.

(,,,)

„Слонот овој пат не влезе во стакларник. Нема потреба“, вели Героски

„И во иднина, многу поважни и почувствителни прашања, треба да се решаваат со трпение, со внимателност, со меѓусебна наклонетост меѓу партнерите во владејачката коалиција, со изрази на блискост и доверба меѓу етничките заедници, со јасна демонстрација на почитување и пријателство со соседните народи и држави.

Оваа влада може успешно да се бори за одбрана на своите позиции и особено за своите стратешки цели и без да наседнува на провокации, без да се кара, без да се врти кон секое куче што џавка крај патот.

Само аргументирано, истрајно, трпеливо и упорно.