Германските тимови го доживеаја третиот пораз во ист број настапи откако ПСЖ доминираше во дербито на второто коло од групната фаза во Лигата на шампионите совладувајќи го Баерн со 3-0, а Англичаните имаат 4 триумфи со една реми средба по победата на Челзи кај Атлетико во Мадрид со 2-1 и тоа со гол неколку секунди по судиското продолжение.



https://youtu.be/yIP9XK4GOpE

https://youtu.be/cBdNw4iHSHo

Многу убедливи во вториот ден за ЛШ во оваа седмица беа и Манчестер Јунајтед кај ЦСКА 4-1 и Базел со Бенфика, 5-0. Сигурни и очекувани славја имаа и Барселона кај Спортинг 1-0, Јувентус со Олимијакос 2-0, Селтик кај Андерлехт 3-0 и порано од останатите, Рома кај Карабах со 2-1.

Во оваа рунда максимален ефект во ЛШ имаа Италијанците кои имаат три победи во трите натпревари во кои имаа свои претставници.