Јувентус ја пронајде замената за Леонардо Бонучи, во Бундес лигата, поточно во Гелзенкирхен од каде го носи Бенедикт Хеведес. Стандардниот член на првата постава на Шалке, во последните десет години, заминува за Торино како позајмен играч и на една година, но ако тренерот Алегри и раководството бидат задоволни тој ќе остане на Јувентус арена и по крајот на штотуку започнатата сезона.
Хеведес инаку има 29 години и светска титула со селекцијата на Германија од Светското првенство во Бразил, турнир на кој ги одигра сите минути и беше еден од најзаслужните за освоената круна





