Фридрих Мерц, лидер на конзервативната германска партија ЦДУ, треба да биде избран за канцелар на 6 мај, соопштија партиски извори.
ЦДУ/ЦСУ деновиве постигнаа коалициски договор со централно-левичарската Социјалдемократска партија СПД за формирање на идната влада.
Договорот уследи по неколкунеделни тешки преговори откако сојузот на десниот центар – составен од Христијанските демократи (ЦДУ) на Фридрих Мерц и баварската Христијанско-социјална унија (ЦСУ) – победи на парламентарните избори во февруари.
Шеесет и деветгодишниот Мерц, поранешен ривал на Ангела Меркел, треба да го замени канцеларот во заминување Олаф Шолц.






