Домаќинот Германија славеше убедлива победа од 4:1 над Шкотска во Минхен на отворањето на Европското првенство во фудбал.
Вирц погоди уште од првиот директен удар на Германците кон шкотскиот гол во 10. минута, зголеми Мусјала девет минути подоцна, а победникот практично го реши Хаверц од пенал во судиското дополнување на времето во првото полувреме по прекршокот врз Ѓундоган за кој Порчс доби директен црвен картон.
Филкруг во 68. минута ја зголеми агонијата на целосно надиграните Шкоти, за малку радост на „тартан армијата“ на преполните трибини намали Ридигер со автоголот со глава во 87. минута, а точка на резултатот стави Џан во 90+3 минута.
„Панцерите“ со прикажаната игра и со ефикасноста се наметна како фаворит не само во групата А, во која се уште Швајцарија и Унгарија, туку и за рекордна четврта европска титула.






