Германија стравува од повратниците од Ирак и од Сирија

Повратниците по крахот на Исламска држава (ИСИС) и радикализирањето меѓу бегалците може да ја зголеми терористичката закана во Германија, предупреди шефот на федералната криминалистичка полиција Холгер Мјунх, на конгресот на европската полиција во Берлин.



„Ризиците не се намалени по големиот прилив на бегалци од 2015 година, изјави тој. Доколку  нивните соништа за подобар живот во Европа не се исполнати, некои од повеќе од еден милион пристигнати по таа година можат да се радикализираат, шефот на федералната полиција.

Тој вели дека „треба да се претпостави дека ќе има такви кои се враќаат од боиштата во Ирак и Сирија во Европа и дека тие се подготвени да извршат напади”.

„ИСИС е многу прилагодлива“, додаде тој.