Најмалку едно лице загина, а неколку други се повредени во Манхајм кога автомобил влета во пешачка зона,јави Ројтерс
Возачот веднаш бил приведен.
„Го приведевме возачот на автомобилот кој налета на пешачката зона и притоа уби најмалку едно лице“, се вели во соопштението на полицијата во Манхајм.
Засега не се познати мотивот и позадината на нападот. Полицијата го блокираше центарот на Манхајм и ги повика граѓаните да ја избегнуваат областа.
Ова не е прв инцидент во Манхајм: На крајот на мај минатата година, Авганистанец со нож нападна политички собир, убивајќи еден полицаец и рани неколку лица.
Во Минхен, во февруари годинава, Авганистанец влетал со својот автомобил во поворка, при што уби две лица, од кои едното дете. И двајцата дејствувале од исламистички побуди.
Минхен: Авганистанец со возило влета во толпа луѓе – 20 повредени






