Напнато прво полувреме со европскиот првак во кое пресреќните лица на Германците, кои водат со 12:11, покажуваат колку тешко им оди со жилавите Македонци во последното коло од групата Ц на Европското првенство за ракометари во Хрватска.
Македонија имаше предност од 6:3 на почетокот, за кон средината на првиот дел Германците да поведат и да ја задржат предноста до крајот на полувремето.





