Домаќинот Германија ја победи Унгарија со 2:0 и по два одиграни натпревара прва избори пласман во осминафиналето на Европското првенство во фудбал, за што се погрижија со своите голови Мусјала во 22. минута и Ѓундоган во 67. минута.
Пласманот меѓу 16. најдобри селекции ја активира клаузулата во договорот на селекторот Нагелсман, кој ќе ги води „панцерите“ и на следното Светско првенство 2026.
Албанија приреди изненадување со ремито 2:2 со Хрватска со голот на Џасула во петтата минута од судиското продолжение, со кој тој се извади за автоголот во 76. минута, кога „коцкестите“ поведоа со 2:1, откако две минути претходно Крамариќ го „поништи“ почетното водство на Албанците преку Љачи по 11 минути игра.
Во последниот меч од денот Швајцарија и Шкотска ремизираа 1:1. Шкотите поведоа преку Мектомини во 13. минута, а израмни Шаќири во 26. минута.





