Германија: По 1.700 евра на мигранти од Сирија за да си одат дома

Германската федерална канцеларија за миграција и бегалци (BAMF) објави дека е подготвена да им плати на сириските мигранти кои сакаат да се вратат дома, еднократна помош до 1.700 евра, како и да ги надомести трошоците за транспорт, пренесува „Шпигел“.



Финансиска помош ќе биде обезбедена во рамките на програмата REAG/GARPза финансиска и организациска поддршка за доброволно враќање во земјата на потекло или заминување во трета земја.

Семејствата ќе можат да сметаат на 4.000 евра.

Дополнително, во Сирија се обезбедува и медицинска помош во износ до 2.000 евра по лице.

Оваа програма стана возможна по падот на режимот на Башар Асад во Сирија и стабилизирањето на ситуацијата во земјата.

Австриската влада исто така објави дека нуди „бонус за враќање“ од 1.000 евра за сириските бегалци кои ќе одлучат доброволно да се вратат во Сирија.