Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, повика Германија да добие место во Советот за безбедност на ОН во 2019 и 2020 година, пренсе Дојче Веле.
Берлин е подготвен да преземе поголема одговорност, изјави Мас пред ОН.
Тој потсети дека Германија е втор најголем донатор на светската организација и втора по големина држава во однос на придонес во мировните мисии. Во
2017 година, придонесот на Германија во буџетот на ОН изнесува 3,4 милијарди евра, а во мисии се вклучени 1.300 германски мировници.
Советот за безбедност вклучува пет постојани членки (САД, Велика Британија, Франција, Русија и Кина) и десет непостојани членки. Секоја година, Генералното собрание на ОН избира пет непостојани членови за мандат од две години на географска основа.





