Спoред предлог-буџетот одобрен од владата, следната година од околу 8 милијарди помошта би „паднала“ на околу 4 милијарди евра.



Министерот за финансии Кристијан Линднер рече дека финансирањето на Украина е „сигурно во догледна иднина“ поради планот на Г7 (седумте најмоќни економии во светот) да собере 50 милијарди долари од каматите на замрзнатите руски средства.

Германија е вториот најголем воен донатор на Украина, по САД. Во 2024 година германскиот буџет за Киев изнесува речиси 7,5 милијарди евра.

Планираните намалувања на помошта доаѓаат во време кога се зголемуваат стравувањата во Украина и меѓу нејзините европски сојузници дека американското финансирање би можело да биде намалено или дури и запрено доколку Доналд Трамп победи на претседателските избори во ноември.

Иако е предвидено намалување на воената помош за Украина, буџетот за одбрана за 2025 година ќе се зголеми за 1,3 милијарди евра.

Германија сè уште планира да ја исполни целта за одбранбени трошоци од 2% од БДП како што бара НАТО алијансата.

Буџетот за одбраната треба да го одобрат пратениците.