Актуелниот претседател и кандидат за уште еден 5.годишен мандат, Стево Пендаровски, со герила акција вчера беше пречекан во Штип каде одржа предизборен митинг.



На влезот од градот беше истакнат транспарент преку кој неколку лица му порачваа:  „Да не бев претседател и јас ќе се иселев“, алудирајќи на една неговата поранешна изјава во врска со проблемот на иселувањето на младите од Македонија.