Со обработени 63,28% отсто од гласовите евиднтно е водството на ГЕРБ, партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов, пренесе БТА.
ГЕРБ-СДС – 22,94%
ПП-ДБ 15,28 %
„Преродба“ – 14,56%
ДПС – 12,71%
„БСП за Бугарија“ – 6,95%
ИТН – 6,41%
„Величие“ – 4,35%
Во 21:00 часот синоќа, ЦИК објави крај на изборниот ден за пратеници во Европскиот парламент од Бугарија и за пратеници во идното Народно собрание.
Ова беа шести парламентарни избори (од кои пет предвремени) во трите изминати години.
БТА потсетува дека бугарските граѓани избрале 240 пратеници во 50. Народно собрание, како и 17 претставници во Европскиот парламент.
Парламентарно гласање за прв пат се совпадна со гласањето за европските избори.






