Герасимовски: Џабе ни се и 300 хигиеничари ако Градот не чисти според ингеренциите

„Јас искрено од самите вработени и нивното менаџирање сум презадоволен и им симнувам капа за сето она што го работат. Проблемот со којшто се соочуваме е со мешање на ингеренциите на градот Скопје и отстранување на сметот. Сите добро знаеме дека комунална хигиена се грижи за контејнерите во градот Скопје вклучувајќи ја и Општината Центар и нивното лошо менаџирање, буквално лошо менаџирање со недоволен број и капацитет на вработени допринесува да хигиената не само во Општина Центар туку и во останатите општини во градот Скопје биде на малку пониско ниво“, изјави градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.



Сликата за јавната хигиена често зборува за нередовното одржување чистота во општините. Но џабе ни се и 200 и 300 хигиеничари ако градот не чисти според ингеренциите. Измешаноста на ингеренции носи погрешна слика кај граѓаните и преработеност на хигиеничарите. Во Студио 10 на Телевизија 24 зборував дека доколку постои некаква законска можност или регулатива ние како општина да ги преземеме ингеренциите верувам дека хигиената ќе биде на многу многу повисоко ниво.“ рече тој.

Герасимовски во емисијата истакна дека неговата лична цел е што подобро менаџирање на општината во интерес на граѓаните потенцирајќи го одржување на добра комуникација меѓу градоначалниците во Градот Скопје и меѓусебното преземање на добри практики и проекти кои ќе донесат подобар квалитет на живеење на граѓаните.

https://www.facebook.com/watch/?v=1218986352677654