Грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис денеска ги критикуваше Скопје и Тирана на средбата со неговиот австриски колега Александар Шаленберг во Атина, пишува „Катимерини“.
Герапетритис ги предупреди владите Македонија и на Албанија дека нивните неодамнешни активности ги загрозуваат перспективите на нивните земји за европска интеграција.
„Акциите кои покажуваат иредентистички тенденции не помагаат на патот кон европското семејство“, рече тој.
Герапетритис ги истакна неодамнешните наводни прекршувања на Договорот од Преспа од страна на Македонија и изрази загриженост за транспарентноста на неодамнешниот попис на населението во Албанија, повикувајќи на усогласеност со европското право.






