Ова го изјави професороти поранешен пратеник од редовите на СДСМ Гордан Георгиев во синоќешната дебата на ТВ21 на која учествуваа и Илија Димовски и Газменд Ајдини.



Изјавата ја даде до делот од дебатата за распределбата на средствата од унгарскиот кредит на општините, а при која Град Скопје не доби пари за реализација на проекти.

„Јас денар не би му дал на Град Скопје и на оваа градоначалничка. Затоа што ситуацијата во градот е очајна, и не верувам дека ќе се поправи.

Дури парите би ги тргнал на страна и би чекал следни избори и би му ги дал на следниот градоначалник“, рече Георгиев.