Шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев вели дека позицијата на Софија во однос на отпочнувањето на преговорите на Македонија со ЕУ е „кристално јасна“ и дека нема да го промени својот став.
„Впишувањето на Бугарите во Уставот е прв, но не и единствен услов за почеток на преговорите на Македонија за членство во Европската Унија, бидејќи тоа не е билатералност, туку спроведување на европскиот консензус“, изјави Георгиев.
„Многу е важно да се знае дека промената на Уставот и впишувањето на Бугарите како државотворен народ не е единствен услов.
Односно, не е добро да се испушта во целиот тој разговор, со евентуална цел, за која се надевам дека не е така, ако впишувањето се случи и се исполни условот за уставни измени согласно европскиот консензус, некој да рече ‘ете, ви кажавме дека Бугарите немаат в предвид само едно нешто‘. Прво не се само Бугарите, туку и Европска Унија стои зад тој консензус. Тоа е значаен услов што треба да се повторува“, вели првиот бугарски дипломат.
Според Георгиев, во европскиот консензус јасно се напоменати и протоколите, патната карта за заедниците и малцинствата, и почитувањето на Договорот за добрососедство.
„Сето ова мора да се реализира. Во спротивно, нема да има исполнување на европскиот консензус и заклучоците на Советот.
Додека тоа не биде реализирано, нема отварање на првиот кластер, кој се однесува на човековите права. Уставните измени, кога ќе се случат, ќе го отворат патот и процесот ќе започне.
Природно е тој процес да се освива врз основа на заслуги. Земјата кандидат мора да ги исполни условите поставени од Унијата. Во ова нема ништо билатерално, ниту отоврено меѓудржавно прашање. Напротив, ова е јасно дефиниран процес на пристапување“, вели шефот на бугарсата дипломатија.






