Георгиевски: „Бугари во Устав“ е проблем кој сами си го правиме

Ова го изјавии синоќа  Љубчо Георгиевски, во емисијата 24 анализа каде гостуваше и поранешниот македонски амбасадор во Софија, Марјан Ѓорчев.



„Според поранешниот премиер Георгиевски(1988-2002) и актуелен лидер на ВМРО-НП,  францускиот предлог на Македонија ѝ понуди добро решение, а на Бугарија излезно.

„Темата беше од историјата да се префрли на малцинските права и сметам дека Македонија во овие 30 години имала големи проблеми пред себе, решавала тешки задачи и се соочила со многу обврски. Овој проблем дури и не е проблем.

Влезот на Бугарите во Уставот не е проблем.

Ова е премногу непотребен луксуз за Македонија за да застане тука и да не оди по патот на ЕУ. Се соочуваме со ситуација каде бугарската политика пред ветото, влезе во лош наратив“, рече Георгиевски.