Ден по посетата на грчкиот министер Никос Коѕијас во Скопје и средбата со неговиот македонски колега Никола Димитров на која се разговараше за разменетите нацрт-спогодби за решавање на спорот со името, денес на Фејсбук реагираше претседателот на ВМРО-Народна партија и поранешен премиер Љубчо Георгиевски.

„Имам чувство дека со билателарните разговори со Грција влеговме во една голема дипломатска замка. Што поскоро треба да се вратиме на Нимиц и да се побара тој да ги дава предлозите а добро е тој и да ги води преговорите.“, напиша Георгиевски на Фејсбук.





