Ген-секот на ОН вознемирен од нападот на САД врз Иран

 

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изјави дека е „длабоко вознемирен“ од нападот на САД врз Иран во недела наутро, повикувајќи на смиреност и предупредувајќи за опасноста од понатамошна ескалација во веќе нестабилниот регион.



„Длабоко сум вознемирен од употребата на сила од страна на Соединетите Американски Држави против Иран. Ова е опасна ескалација во регион кој е веќе на работ – и директна закана за меѓународниот мир и безбедност“, напиша Гутереш на платформата X.

Тој предупреди дека постои растечки ризик конфликтот брзо да излезе од контрола, со потенцијално катастрофални последици за цивилите, регионот и светот.

Гутереш ги повика сите земји-членки на ОН да дејствуваат во согласност со Повелбата на ОН и меѓународното право и да преземат итни чекори за деескалација на конфликтот.

„Нема воено решение. Дипломатијата е единствениот пат напред“, рече Гутереш.