Генсекот на ДУИ не го интересираат уапсените Македонци, Роми и други – му пречи апсење на Албанци

Генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети се обидува да даде етнички предзнак на расчистување на криминалот околу Кочани. Со својата денешна изјава Ахмети покажа дека не го интересираат уапсените Македонци, Роми и други туку му пречи апсење на Албанци.



Ахмети во правец на линијата на ДУИ кои апсењето на функционери на оваа партија го толкуваат како антиалбанско поведение тврди дека обвинителството апси Албанци поради реваншизам.

Тоа што прв човек на обвинителството за организиран криминал е човек на ДУИ не му пречи да каже дека се работи за неправда кон Албанците.

Ахмети порачува дека ,,Кога неправдата станува норма за еден, таа станува закана за сите”.

,,Нека не ве залажува вревата на пропагандата, неправдата е таму, гола и брутална!
Денешните настани гласно ни кажуваат: или ќе реагираме, или стануваме робови на колективниот молк”, пишува Ахмети кој го користи хаштагот #ПравдаНеОдмазда.

Според него истрагата за Кочани не е правда, правдата не може да биде селективна а демократијата не може да се гради на етничка исклученост.

,,Кога еден систем ќе почне да казнува пристрасно, додека замижува пред вистинските виновници, тогаш правдата ја губи смислата.
А кога тоа ќе се случи на сметка на цела етничка група, Албанците, немаме едноставно институционален неуспех. Имаме нешто многу поопасно: структурирана дискриминација, која се обидува да се маскира во правда.
Денес Албанците се чувствуваат исклучени. Означени. Се користат како гаранција за „стабилност“ што му служи на некој друг.
Некогаш некои се колнеа дека ги претставуваат Албанците. Денеска молчат.
А таа тишина зборува погласно од која било изјава.
Оти ​​таму каде што си едноставно бројка во власта, но не глас за народот, не може да има ни еднаквост, ни достоинство.
Нема демократија кога правдата станува алатка за заплашување, а не гаранција за сите.
Но, едно е сигурно: Албанците се свесни. И кога ќе дојде време, тие ќе зборуваат. Со глас. Со достоинство. Без страв”, пишува Ахмети кој беше директор на Фондот за здравство во времето на владата на СДСМ и ДУИ.