Гелева: СДС да се остави на бришан простор, за да се знае какво зло прави

Несудената претседателка на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Гелева, на новиот лидер Христијан Мицкоски му порачува дека должност му е да се бори за Македонија и го советува опозициските пратеници да не се враќаат во Собрание.



„Мицкоски, должност ти е да се бориш за Македонија, а не да бидеш ‘конструктивен’ на штета на Македонија! Ни случајно назад во Парламентот за да ѝ се даде легитимитет на деструктивната политика на СДС! Треба да се остават на бришан простор, да се знае јасно какво зло прават!“, напиша новинарката и експерт за геостратегија на својот профил на „Фејсбук“.

Во истата порака таа му се обраќа и на претседателот Ѓорге Иванов.

„А Иванов нека си го поддржува договорот на СДС со Бугарија. Договор за добрососедски односи – да, ама не таков што нас Македонците нè прави Бугари! Или бадијала зборувам, ти веќе имаш наредби што треба да ги исполниш?“, додава Гелева.