Отпорот на Арсен Венгер да го продаде Алексис Санчез наидува на нова замка која е доста интересна. Имено Манчестер Сити по налог, секако, на Пеп Гвардиола понудил размена со доплата, Санчез за Рахим Стерлинг. Мирор е извор на приказната, и не соопштува за каква доплата ќе станува збор, но вели дека во текот на овие денови разговорите на оваа тема ќе биде интензивни.



Инаку Рахим Стерлинг одлично ја започна сезоната со два гола во дресот на Сити.