Гаши: Ќе го победиме ДУИ со разлика од најмалку 5-6 пратеници!

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, е убеден во уверлив триумф на опозициската коалиција на Албанците „Вреди“ над владејачката ДУИ, а трета опција, според него, нема да освои ниту еден пратеник.



„Мислам дека на овие избори кај Албанците ситуацијата е сосема чиста, никогаш не била почиста од оваа. Ние продолжуваме да имаме два списоци сега и тогаш, два табора. Верувам дека ќе останат двајца, господинот Села, господинот Реџепи, господинот Хоџа. Но, не сум сигурен што ќе прават сега. Политичката интуиција ми вели дека ќе одиме со две листи. И да излезе некој, ќе биде толку беззначаен што нема да добие ниту еден пратеник. Пратениците ќе бидат поделени меѓу таборот на ДУИ и ‘Вреди’“, изјави Гаши во интервју за „Љајмпрес“.

Тој е уверен дека ќе освојат повеќе од 20 пратеници и затоа повикува за поддршка од граѓаните бидејќи, како што вели, овие бројки ќе бидат неопходни за да се има моќ на преговарачка маса, без разлика кој ќе победи во македонскиот табор.

  • „Само знам дека ќе биде прилично голема разлика. Колку пратеници? Минимум 5-6 пратеници ќе биде разликата, минимум, минимум. Ќе имаме вкупно пратеници со број 2 напред, над 20“, (само)уверен е Гаши.

Гаши го повикува првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, да се повлече од политиката и да им подаде рака на благодарност до опозициските партии кои се приклучија и да им каже, нека ви биде халал. Но, според Гаши, Ахмети ја нема таа храброст.