Новоизбраниот претседател проговори за раперските денови откако на социјалните мрежи се врти спот на песна каде Африм Гаши рапува како член на групата „Празни џебови“.
Во синоќешната „Топ Тема“ на Телма, тој раскжа дека тоа било во време кога шундот и кичот, како и турбо фолкот кој во 90-тите почна да се распространуваат, а тие застанавме како една авангарда на тоа
„Со еден многу модерен „хип хоп“, „рап“ и „саунд“ и „соул“ музика и направивме комбинација тогаш од многумина не бевме добро разбрани ама после тоа беше подобро. Ме вративме во поубавиот дел од мојот живот. Ја направивме групата без ниту еден денар во џебот. Снимавме во едно студио на заем. Па кога го продадовме албумот, ги вративме парите“, раскажа Гаши.






