Денеска во Собранието на Република Македонија неговиот претседател Африм Гаши одржа заедничка средба со амбасадорката на САД Ангела Агeлер и со поранешни пратеници на американските програми.
На својот официјален фејсбук-профил Гаши објави: „Овој настан беше одлична можност да ги зајакнеме нашите врски со САД и да размислиме за незаменливата ангажираност на непоколебливиот партнер во развојот на * Македонија. Изразив длабока благодарност за постојаната поддршка од САД и им се заблагодарив на поранешните пратеници, кои придонесоа за зајакнување на односите со САД. Нагласив дека остануваме посветени кон продолжувањето на оваа плодна соработка.“





