Лидерот на „Алтернатива“ Африм Гаши кој е дел од коалицијата „Вреди“ е уверен дека опозицијата ќе освои 5 пратеника повеќе од ДУИ.
Победата е неминовна а разликата ќе биде минимум 5 пратеника во однос на Демократската Унија за интеграција, рече Гаши во гостување на ТВ21.
Тој уште предвидува дека доколку ДУИ би дал поддршка за Арбен Таравари – тој сигурно би влегол во вториот круг на претседателски избори.
„Бевме на средба со премиерот на Косово, Албин Курти, излеговме потоа со заедничка изјава, целта беше да се излезе со кандидат за претседател Албанец.
Се направи повик и кон ДУИ да се поддржи тој кандидат.
Доколку ги анализирате анкетите ќе видите дека моменталниот рејтинг на СДСМ кажува дека Таравари имаше шанса да влезе во втор круг, доколку беше поддржан и од ДУИ. 99% сум сигурен во тоа, не велам дека и сега немаме шанси, но во тој случај со оглед на рејтингот на СДСМ тоа ќе беше реалност“, изјави Гаши во гостување во емисијата „Клик плус“.






