Гаши: Останувам во коалицијата Вреди и лојален на гласачите, кои ме избраа на изборите во мај лани

Претседателот на Собранието на Република Македонија Африм Гаши во објава на фејсбук порачува дека останува во коалицијата Вреди, со што ги демантира дезинформациите дека излегува од коалицијата, кои беа објавени во некои медиуми, .

„Како пратеник во републичкото Собрание останувам лојален на гласачите, кои ме избраа на изборите на 8 мај 2024 година. Африм Гаши е член на Алтернатива во коалицијата Вреди. Како претседател на Собранието се трудам да бидам еднаков за сите пратеници и пратеничките групи, бидејќи тоа ми го наметнува уставната одговорност и функцијата што ја извршувам.“- напиша Гаши на општествената мрежа.

По несогласувањата со лидерот на Алијансата за Албанците на Арбен Таравари од коалицијата Вреди најавија дека од следнава седмица започнува постапката за прераснување на партиите од коалицијата Вреди во единствена политичка партија.

Лидерот на Демократско движење Изет Меџити најави дека новата партија ќе има заедничка програма единствен информативен центар, заеднички изборен штаб и заеднички кандидатски листи за општински советници, со кои ќе се настапи на годинашниве локални избори.