„Ни треба окрупнување. Малите политички партии не носат стабилност.“ – изјави претседателот на Собранието Африм Гаши на денешната прес-конференција со новинарите, одговарајќи на прашање дали коалицијата Вреди ќе прерасне во политичка партија. Ова го објави информативниот портал „Плус инфо“.
„Плус инфо“ ја цитира изјавата на Гаши, дадена во овој контекст: „Постапката е започната и разговорите се во тек. Главниот збор ќе го имаат претседателите на политичките партии, но ние сме на добар пат коалицијата Вреди да прерасне во политичка партија. Едно е да се дејствува како коалиција, а друго е како политичка партија. Потребен ни е сериозен и силен политички субјект, кој ќе ги претставува интересите на Албанците во земјава.“







