„Претседателот на Собранието Африм Гаши оствари средба со амбасадорката на Украина Лариса Дир. Беа разменети мислења за состојбата во Украина во однос на руската агресија, како и за продолжувањето на соработка и поддршката на билатерален план и во рамки на меѓународните организации, соопштуваат од Кабинетот на Собранието.“ – пренесува информативниот портал на албански јазик „Алфакс“.
„Алфакс“ пренесува: Претседателот Гаши истакна дека постои континуитет во политиката и институциите на Македонија во поглед на поддршката и помошта за Украина. Од гледна точка на хуманизмот и солидарноста, рече тој, треба да се даде помош и поддршка за секој, што се соочува со агресија, особено за земјата, со која негуваме пријателство и добра соработка долги години. Амбасадорката Дир се заблагодари за помошта од нашата земја, изразувајќи очекување дека таа ќе продолжи и во иднина. Дир истакна дека со оглед на ситуацијата, со која се соочува Украина, многу е важна поддршката од пријателите и соработката и афирмацијата на истите вредности во рамки на на меѓународните организации, како што се ОН, ОБСЕ, Советот на Европа…
На средбата беа разменети мислења и за евроинтегративниот процес. Претседателот Гаши истакна дека од оваа гледна точка * Македонија и Украина се на истиот пат. Се разговараше и за натамошна комуникација на ниво на соработка на пратеничките групи, како и за можностите за организирање заеднички средби и возвратни посети. Во овој контекст беше нагласена и улогата на Собранието на Р*М во парламентарната димензија на меѓународната Кримска платформа.





