Претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши очекува во идната влада да партиципираат и партии на Албанците.
„Идниот мандатар мора најпрво да разговора со нас, за државата е најдобро во новата влада да има и претставник на Албанците, а ќе направиме се’ да се убедиме заедно со идниот партнер да влеземе во процес на уставни измени“, вели Гаши во интервју за МИА.
„Нашиот прв приоритет секако ќе биде европската интеграција, ќе направиме се да се убедиме заедно со идниот наш партнер да влеземе во процес на уставни измени. Ќе разговараме со меѓународниот фактор, ќе направиме се да влеземе во процес во кој ќе ги отпочнеме и практично поглавјата за да ги затвориме што побргу и Македонија да стане член на ЕУ.
Тоа е наш прв приоритет“, истакнува Гаши во интервјуто.
Очекувањата од парламентарните избори ги темели на обединувањето во албанскиот блок, добрата програма, човечките ресурси на листите, како и тоа дека, како што вели, граѓаните веќе знаат што ги очекува ако го изберат нашиот противкандидат…






