Гаши: Коалицијата Вреди и ВМРО ДПМНЕ имаат различни ставови околу уставните измени – Треба да се изнајде решение најбргу

„Претседателот на Собранието на * Македонија Африм Гаши во интервју за Радио телевизија Косово зборуваше и за уставните измени. Гаши нагласува дека коалицијата Вреди и ВМРО-ДПМНЕ имаат спротивни ставови за уставните измени. Гаши дополни дека треба  да се најде решение час поскоро, бидејќи, како што вели, тоа е заеднички интерес на државата и граѓаните.“ – објави ТВ21.



ТВ 21 ја пренесува изјавата на Африм Гаши дадена во овој контекст: „Имаме различни ставови со ВМРО ДПМНЕ во врска со ова прашање. Албанските партии, без разлика дали се од позицијата, или од опозицијата, веднаш и безусловно би гласале за уставните измени. Ние немаме никакви услови и го имаме францускиот предлог, што го изгласавме во парламентот. Кога и да биде отворен, верувам дека секој Албанец ќе гласа за тоа, но ВМР ДПМНЕ, која доби гласови во врска со ова прашање, рече дека за него треба некако да се гарантира, затоа што неколку пати го менуваме уставот, но нема гаранции за затворање на овие барања. Ќе се обидеме заедно со нив да разговараме, со меѓународниот чинител да разговараме и да најдеме решение најбргу, што е заеднички интерес на нашата држава, нашите партии, на сите граѓани.“