Министерството за економија и Владата најавија дека нема да се продолжи мерката гарантираната цена на производите која е во сила уште денеска.



Пазарните и трудовите инспектори од утре (1 март) ќе излезат на терен и за секое евентуално зголемување на цени што е надвор од нормална пазарна логика соодветно ќе се реагира, предупреди вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Како што рече, секое неетичко однесување на кој био трговец ќе се казни на најсериозен начин.

„Јас сум конзистентен, секое неетичко однесување на кој било трговец ќе се казни на најсериозен начин. Што тоа ќе значи знаеме од минатото.

Сметаме дека конечно лекцијата е добиена, дека во државата освен добивање бизнис и креирање профит мора да имаме морал и етика кај компаниите“ рече Битиќи.

„Сметам дека замрзнувањето на цената е една од мерките која не содветствува со пазарната економија, сметам дека треба да се вратиме во нормалните текови на живеење, а секако останува за бизнисмените и тие да се однесуваат соодветно“, рече вицепремиерот.