Ганиу по писмото на Ахмети: Во Р*М не се случило ништо вознемирувачко, само ДУИ отиде во опозиција и Албанците се спасија од неа!

„Во * Македонија не се случило ништо вознемирувачко, само дојде до политичка ротација по 22 години и ДУИ замина во опозиција. Кога ДУИ слабее – Албанците добиваат.“ реагира Висар Ганиу, градоначалник на скопската општина Чаир по писмото, што го испрати лидерот на ДУИ Али Ахмети до високите меѓународни и албански лидери. Во писма до до државниот секретар на САД Ентони Блинкен, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен, канцеларот на Германија Олаф Шолц, претседателот на Франција Емануел Макрон, до претседателот и премиерот на Албанија Бајрам Бегај и Еди Рама, како и до претседателката и премиерот на Косово Вјоса Османи и Албин Курти, лидерот на ДУИ Ахмети испратил писма, во кои изразил „длабока загриженост за најновите политички и уставни случувања во * Македонија, што ги загрозуваат достигнувањата на Охридскиот договор и принципите на еднаквост и стабилност во мултиетничката држава’.“



Во објавата на својот фејсбук-профил градоначалникот на Чаир истакнува: Кога ДУИ слабее – Албанците добиваат: албанските семејства се спасија од казината; албанските општини добиваат милиони евра како поддршка за нивните проекти; албанските универзитети добиваат милиони евра за изградба; учениците-Албанци ги добиваат најновите технолошки уреди, за да учат; пензионерите-Албанци добиваат зголемени пензии; наставниците Албанци добиваат зголемување на платите; кога беше слаба ДУИ – нашата земја стана членка на НАТО!

Најголемата вредност на секое демократско општество е политичкиот плурализам. Албанците во * Македонија по 22 години гласаа за промени. ДУИ треба да се реформира и да донесе нова генерација политичари кои се ослободени од хипотеки од минатото. Додека Владата ги одредува стратегиските ориентации на државата .