„Артан, терапија ќе ти препише д-р Арбен Таравари, да си ја земеш на 8 мај!“ – изреагира градоначалникот на Чаир Висар Ганиу во објава на својот фејсбук-профил, откако денес Артан Груби во име на ДУИ се појави на прес-конференција пред седиштето на општина Чаир со куфер во рака, барајќи функционерите на албанската опозиција да поднесат оставки од позициите, кои ги имаат, и потоа да си одат дома со понудениот куфер.





