Галетановски: А, каде е „новиот“ директор на Зоолошката….„го нема ни под дрво ни под камен“

Поранешниот директор на скопската Зоолошка градина, Ѓорги Галетановски,  реагира по последните настани и прашува каде е директорот.



.Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, го разреши досегашниот директор на ЗОО, Драган Илиевски и на неговото место го стави Зоран Попов, вели Галетановски во објава на Фејсбук.

„Aj што е 2 години стара вест и што не нашле нов директор, него сегашниов неможе никој да го најде ни медиуми ни вработени под дрво и под камен“, напиша тој на социјалните мрежи.