Палестинската агенција за бегалци на Обединетите нации, UNRWA, денеска соопшти дека извештаите за напади врз семејства кои бараат засолниште во Рафах во јужниот дел на Појасот Газа се „застрашувачки“, пренесе Ројтерс.
„Информациите што доаѓаат од Рафах за понатамошни напади врз семејства кои бараат засолниште се застрашувачки“, соопштиј од UNRWA на „Х“
„Има извештаи за масовни жртви, вклучувајќи деца и жени меѓу убиените. Газа е пекол на земјата. Сликите од минатата ноќ се уште еден доказ за тоа“.
Претставници на палестинската здравствена и цивилна служба за итни случаи соопштија во неделата во израелските воздушни напади загинаа најмалку 35 Палестинци, а десетици беа ранети во областа во градот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа, одредена за раселените.
Израелската војска соопшти дека нејзините воздушни сили нападнале комплекс на Хамас во Рафах и дека инцидентот се разгледува.






