„Претседателката на Косово Вјоса Османи денес се заколна, по повод националниот празник на независноста на Албанија, дека „сѐ ќе сторат да ги имаат Албанците своите загарантирани права, каде и да живеат.“ – ова се наведува, покрај другото, во информацијата, која ја објави весникот на албански јазик „Бота сот“ од Приштина. Инаку, „празничното колнење“ на косовската претседателка Османи, кое најдиректно се однесува и на Албанците од Македонија, во извесна мера здобива интонација и на мешање во нејзините внатрешни работи: таа споменува и израз „загарантирани права“, што не е само грижа за правата на Албанците во Македонија, туку и своевидно наложува што мора да стори оваа држава, а Вјоса Османи уште и се „заколнува“ дека сѐ ќе се направи тоа да се оствари…
Во својата реч во косовското село Преказ денес, покрај другото, Вјоса Османи кажа: „Овој празник 28 ноември, на прогласувањето на независноста на Албанија, роденденот на легендарниот командант Адем Јашари и и првото јавно појавување на УЧК на Косово, не донесуваат овде во Преказ, пред гробовите на Адем и неговото семејство да се заколнеме уште еднаш дека ќе ги браниме бескомпромисно слободата и независноста на Косово, но и оти се ќе сториме Албанците, каде и да живеат, да ги имаат своите загарантирани права!“





