Вчера фатени 65 возачи без возачка дозвола

Полициските службеници вчера открија 65 лица што учествувале во сообраќајот без возачки дозволи, а во три случаи откриени се возачи кои управувале возило под дејство на алкохол



Во рамки на активностите на полициските службеници на ниво на целата држава вчера беа издадени 732 платни налози, објави Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените сообраќајни контроли низ патиштата во земјава.

Од нив 214 се однесуваат на непрописно паркирање, а 194 за непочитување на пропишаната брзина на движење.

По однос на прекршоците по основ на неносење сигурносен појас и говорење на мобилен телефон при возење, евидентирани беа 57, односно 25 прекршоци.

Санкционурани се и 15 пешаци кои не ги почитувале прописите. Откриени се и 21 нерегистрирано возило во сообраќајот, а четири возила се исклучени од сообраќај поради техничка неисправност, следствено одредбите од Законот за возила.