Омилениот ракометен лик во Македонија, катарскиот селектор Веселин Вујовиќ, со џентлменска изјава по меѓусебниот дуел од второто коло во главната фаза на 29. Светско првенство, во кој славеа „црвено-жолтите“ со 39:34.



„Честитки за Македонија и за мојот колега Лазаров. Македонците беа подобар противник и заслужено победија. Ова натпреварување е премногу напорно за мојата стара репрезентација, повторно примивме многу голови. Се обидовме со најразлични начини, ја променивме одбраната, но не успеавме. За нас ова е завршена приказна, а на Македонија ѝ посакувам да одигра добар меч со Франција“, изјави на прес-конференцијата по средбата во Вараждин најдобриот светски ракометар при крајот на 1980-тите, некогашен селектор на Македонија и во неколку наврати тренер на двократниот европски првак Вардар.