Вучиќ: „Јавете им на УСАИД дека им пропадна обоената револуција во Србија“

Кога ќе сфатат за неколку недели дека им пропадна обоената револуција, ќе ни требаат месеци, се плашам дури и една година, да ја закрепнеме земјата од штетите и катастрофата што ги предизвикаа и ќе успееме во тоа, рече српскиот претседател Александар Вучиќ на синоќешниот митинг на кој беше одбележан Денот на српската државност што се одржа во Сремска Митровица.



„Јавете им дека револуцијата им пропадна, јавете им на УСАИД, тие уште не знаат, но ќе сфатат за неколку недели. На 15 март ќе формираме движење на Видовдан, мора да има простор за прекрасни млади луѓе, најдобри, најуспешни. Никогаш повеќе нема да ја урнете Србија. Војводина е Србија“, рече Вучиќ.

Српскиот претседател посочи дека се потрошени 3 милијарди евра странски пари за негово уривање од власт, со цел да се постави марионетска власт и да се оствари сценарио за мала, немоќна и послушна Србија.

Поголемиот дел од вечерашниот митинг го помина зборувајќи за борбата против обоената револуција, истакнувајќи дека додека е жив „нема да дозволи да ја уништат Србија“ и дека со сите сили ќе се бори за Србија, за Косово и за Војводина.

„Ќе се борам на начин каков што досега не сте виделе, на начин на кој нашите противници не можат ниту да сонуваат… Сега ние политички возвраќаме против оние слуги на оние кои сакаа да спроведат обоена револуција. Кажете им дека обоената револуција не успеа“, рече српскот претседател.

Беше усвоена Декларација за Војводина во Србија на повик на српскиот претседател.

Вучиќ претходно изјави дека по усвојувањето на Декларацијата ќе разговара за нејзиниот текст со неговиот коалициски партнер, Алијансата на војводинските Унгарци, а потоа ќе ја проследи на усвојување до Собранието на Србија.