Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави декa добил известување од Азербејџан дека во наредниот период поради проблемите што ги имаат нема да можат да испорачуваат дневно 1,7 милиони кубни метри гас во Србија.
„Утрово не погоди уште една лоша вест, добивме известување од Азербејџан, од денеска не можеме да сметаме на 1,7 милиони кубни метри гас што ни доаѓаа секој ден. Ќе почнеме да трошиме многу повеќе и посериозно од денеска на нашата резерви“, изјави Вучиќ.
Тој додаде дека не е сигурно и не е јасно колкав е проценетиот временски рок за враќање на гасот, пренесе Б92.
„Сите што велеа „лудиот Вучиќ“, сега испадна дека било паметно што собравме резерви. Имаме резерви на гас што можеме да го полниме додека не ни се случи нов „малер“, вели Вучиќ.
Се надевам дека Азербејџанците ќе можат да поправат ова за месец-два, а ако тоа не е можно, очекувајте дека во следните четири месеци ќе треба да потрошиме 2 до 2 ипол, 3 милиони резерви“, рече тој.
Сепак, тој нагласи дека нема да има недостиг на гас, ниту на нафта и други деривати и дека целта на Србија да биде најбрзо растечка економија во Европа останува непроменета.






