Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Русија го предупредила раководството на земјата за претстојните масовни немири организирани од претставници на западните земји.
„Денеска добивме официјална информација од Руската Федерација, пренесена и помина низ официјални канали. Ја добивме оваа информација, се занимаваме со тоа и во српската влада… Надлежна е Безбедносно-информативната агенција , луѓе специјализирани за ова во владата на Србија и на сите други места си ја вршат својата работа“, изјави синоќа Вучиќ.
„Оние што замислуваат дека нешто ќе постигнат со сила, нема. Србија оди напред неуморно, не можат да ја сопрат. И нема да биде запрена. И никој никогаш повеќе нема да ја спречи. Тоа е мојата порака до сите. Луѓето не треба да се грижат, воопшто не треба да се грижат Тие дома мирно ќе ги гледаат кошаркарите…“ заклучи претседателот на Србија.
Претходно,„ Вечерње новости“ објавија дека претставниците на прозападната опозиција во Србија се подготвени да ги искористат протестите против рудникот за литиум планирани за 10 август во Белград за да ја окупираат претседателската палата, да го елиминираат шефот на државата и да го започнат украинското сценарио.
Како што пренесува руската новинска агенција ТАСС, портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека анализата на ситуацијата во Србија укажува на повторни обиди на злонамерни сили да ја поткопаат ситуацијата во таа земја.
„Одредени псевдодемократски кругови се обидуваат цинично, без оглед на последиците и ризиците, да ја трансформираат сосема природната загриженост на граѓаните за животната средина, особено нивниот однос кон рударските проекти“, кажа таа.
„Злоупотребите од овој вид, особено во сегашните турбулентни услови, претставуваат директна закана за Србија, ги доведуваат во прашање постојаните напори на претседателот и владата да обезбедат одржлив развој на земјата и доброто на нејзините граѓани и ја попречуваат желбата за независен и принципиелен курс и во внатрешните работи и на меѓународната сцена“, изјави Захарова






