„Канцеларот Шолц ѝ даде поддршка на Германија за Србија да има поголем синџир на вредност за производство на литиум, што ни носи милијарди инвестиции и неверојатна промена за целата земја, а најголема за западна Србија“, изјави денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по средбата со Олаф Шолц, кој синоќа пристигна во Белград.



„Мора да се почитуваат стандардите за заштита на животната средина до највисок степен, а нашата цел е да бидеме сигурен партнер за Германија и ЕУ во синџирот на производство на литиум и батерии“, додаде Вучиќ.

Вучиќ истакна дека Србија ќе се бори за почист воздух и помало загадување.

„Знам со кого разговаравме и се договоривме, знам со кого денеска го потпишуваме Меморандумот за разбирање.

Ќе се бориме и за почист воздух и помало загадување и подобар живот на граѓаните“, рече Вучиќ.