Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на белградскиот аеродром го пречека францускиот претседател Емануел Макрон и посочи дека важноста на таа посета за Србија е неизмерна.
„Добре дојдовте кај нас драг пријателе! Значењето на вашата посета за нас е немерлива во политичка и економска смисла и се надевам дека како земја и народ ќе знаеме да возвратиме на почитта и вниманието што го покажувате кон нашата Србија. “, објави Вучиќ на неговиот Инстаграм профил, пренесе Телеграф.
„Пред нас се нови чекори, додаде Вучиќ, со кои ќе го прошириме партнерството и ќе ги зајакнеме традиционално добрите односи меѓу нашите две земји и два народа.“
„Да живее пријателството меѓу Србија и Франција“, напиша Вучиќ.
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, пристигна во Белград, а на аеродромот Никола Тесла го пречекаа претседателот Александар Вучиќ, како и амбасадорот на Франција во Белград, Пјер Кошар и амбасадорката на Србија во Париз, Ана Хрустановиќ.





